СРАМОТА! ТОТАЛЕН РАСПАД НА СИСТЕМОТ: ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ СЕ ДЕЛЕЛА ПО ОСНОВ НА ПРИЈАТЕЛСТВА И РОДНИНСКИ ВРСКИ!!!

0
25850

Ова е срамно! Читајте и шерувајте за да стигне до поголемиот дел од народ затоа што државните органи не преземаат ништо!

На пунктот кај ОУ “Наум Наумовски Борче” во Ченто, луѓето цел ден не добиваат донации.

На пунктовите е изложено само вода и ништо повеќе. Покрај тоа што луѓето донираат облека, финансиски средства, средства за дезинфекција, плински боци и останато, народот не ги добива средствата.

Првенствено им било кажано дека нема ништо освен вода и чекаат доход на средства. Луѓето коишто цел ден стоеле таму, биле сведоци на растоварање на робата и истата не им била доделена.

Потоа им кажале дека нема да им дадат ништо освен вода затоа што во Инџиково имало струја, не било поплавено и не им било потребно ништо освен вода.

После ова им кажале дека ќе поминат со комбе низ улиците кадешто ќе им дадат се што им било потребно.

Комбето поминало но добиле повторно само вода.

Од одредени извори дознав дека лицето со иницијали А.А се однесувала арогантно и доделувала санитарија само на своите блиски.

Луѓето сеуште немаат добиено никакви основни средства и град Скопје нема реагирано во поглед на собирање на дворовите.

Војската не си ја вршела работата како што треба. Со скрстени раце седела цело време. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, пристигнал, се изнасликал и си отишол.

Веќе некој период, на фб се дава апел донациите да се носат директно во домовите.

Ќе ве замолам истото да го направите, а државните органи нека ја проверат информацијата. Граѓаните можат да сведочат за ова затоа што е вистина.

Во меѓувреме донирајте на 143 400.

Рашо Радулов, фб