Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ изгради пристапни објекти за децата со аутистичен спектар на нарушување

0
917

Асоцијацијата за правата на децата и младинци со посебни потреби „Ластовица Скопје“, во соработка со ПОУ „Златан Сремец“ го започна проектот „Инклузивен град- пристапни објекти за младите со аутистичен спектар на нарушување под покровителство на градот Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.

Преку визуелна поддршка на овие лица во објектите, идејата е создавање на инклузивен град  кој првенствено реагира на потребите на едни од најранливите граѓани, кои се соочуваат со низа бариери додека ги користат јавните места, услуги и информации. Целта на овој проект е создавање на чувство на еднаквост преку достапни услуги и пристапни објекти за лицата со аутистичен спектар на нарушување на територија на град Скопје.

 Во рамки на оваа акција, СЦ „Борис Трајковски“ се опреми со визуелни материјали изработени за потребите на оваа категорија на лица, а и сите посетители кои ќе имаат потреба од ваков вид на поддршка.