СПОРЕД СТЕФАН БОГОЕВ ФИТИЛОТ НА ЛАМБЕ БИЛ ЗАПАЛЕН ОД ДРУГ, ВМРО-ДПМНЕ ВМЕШАНА ВО ПАЛЕЊЕТО НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ,,ИВАН МИХАЈЛОВ”?!

0
1429

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, јавно постави неколку прашања поврзани со инцидентот во битолскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“. Кој треба да го истражува тоа?

По бројните шпекулации за мотивите поради кои пејачот Ламбе Алабаковски на 4-ти јуни подметнал пожар пред влезот на Клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола, вчера (9.06) потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, јавно постави неколку прашања поврзани со заднината на тој настан. Во гостувањето во емисијата „24 анализа“ тој побара од медиумот да истражи неколку работи во врска со пожарот во клубот.

„Проверете, која и чија е Агенцијата за обезбедување најмена да го чува центарот ‘Ванчо Михајлов’. Дали сопственичката структура е блиско поврзана со поранешни и сегашни активности на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто во тоа време се тргнал обезбедувачот? Каква е конекцијата на Алабаковски фамилијарно, со разузнавачки структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ? И проверете, два дена пред пожарот кој поранешен министер од безбедносните структури, припадник на ВМРО-ДПМНЕ, со кој тим се сретнал во Прилеп, соседен град на Битола, и дали тоа има никаква поврзаност со Агенцијата за обезбедување која што магично исчезнува во моментот кога магично невиниот Ламбе Алабаковски се решава да го запали центарот? Од друга страна, ова реков да го проверите, не констатирам ништо“, рече Богоев.

Запрашан – дали тој ги знае одговорите, Богоев рече: „Ги знам точно, проверете, ќе ви кажам дали е така“.

Новинарите или надлежните?

Кога овие прашања ги поставува еден од четирите потпретседатели на СДСМ, партија од чии редови е и министерот за внатрешни работи, во јавноста се создава конфузија околу целта на испратената порака, односно впечаток за „тропање на отворена врата“.

Односно, кога тој вели дека ги знае одговорите, дали потврдува дека и МВР и Обвинителството веќе ги знаат? Или дека не ги знаат, штом ги повикува медиумите да бараат одговори на посочените прашања, иако се знае кој е надлежен да ја води истрагата?

Медиумизирање на индиции за инцидентот кој се случи во многу сензитивен период од преговорите меѓу Скопје и Софија, не е добар потег доколку истрагата сѐ уште трае, односно ако не завршила само со приведување и изречен осумдневен затворски притвор за Албаковски, кој по жалба на неговиот адвокат вчера беше заменет со мерка куќен притвор.

Дека епилогот не може да се лоцира само околу извршителот, вчера навести и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Треба добро да се анализира – дали е тоа акт на еден човек или е акт поттикнат од некого, од некој центар. Бидејќи, мислам дека не бил случајно избран баш тој ден, кога доаѓа делегација (од Бугарија, н.з.) за која што многу малку луѓе знаеја. Вие новинарите знаевте ли? Не знаеше никој. Знаеја само некои политички партии затоа што (Генчовска, н.з.) бараше средба. Премногу е тешко тоа да биде коинциденција, да се случи баш истиот ден. Тука е поважно да се испитува понатаму контекстот“, изјави Османи на „Канал 5“, потенцирајќи дека не може кривично дело да биде оправдување за која било емоција.

Nord-Mazedonien PK Bujar OsmaniОсмани:

Османи: Мислам дека не бил случајно избран баш тој ден

Многу шпекулации

Досега се проширија многу верзии околу мотивите на осомничениот за подметнување на пожарот: од семејни (неговиот адвокат изјави дека дедото на Алабаковски бил убиен од Бугари), доведување во врска со работната позиција на член на неговото потесно семејство во една безбедносна институција, па сѐ до сомневања дека Алабаковски признал вина наводно за да заштити некој друг, со чие изложување би се одмотало клопчето и мрежата на учесници во добро подготвено сценарио.

Јавното обвинителство во Битола досега отвори постапка само за кривичното дело – Предизвикување општа опасност, поради основано сомнение дека Алабаковски истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар, ставил фитил на прагот и го запалил. Обвинителството бараше пртивор за него поради опасност да ја напушти државата, бидејќи поседувал и американско државјанство. До овој момент нема информации дали се истражува поширокиот контекст на инцидентот, односно сферата на евентуални инспиратори и организатори на инцидентот.

Само еден ден по инцидентот во клубот, на 5-ти јуни Ламбе Алабаковски настапи на 35-тото јубилејно издание на „Фолк-фест Валандово“.

Катерина Блажевска Дојче веле