СПОРЕД ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО НА ФРАНЦУСКАТА ПРЕМИЕРКА БОРН СТРУЈАТА ЗИМАВА ЌЕ БИДЕ 10 ПАТИ ПОСКАПА

0
460

Цените на енергијата се очекува да растат на почетокот на 2023 година, предупреди во средата француската премиерка Елизабет Борн, истакнувајќи дека трошоците за електрична енергија на европскиот пазар би можеле да бидат десет пати повисоки од лани, пренесува РТ.

– Цените на енергијата растат. Што се однесува до гасот, пазарот ја „наштима“ цената за 2023 година да биде пет пати поголема од цената од 2021 година – рече премиерката на прес-конференција.
Претходно, француските медиуми објавија дека големопродажната цена на електричната енергија во Франција следната година ќе достигне рекордно високо ниво, надминувајќи 1.000 евра за мегават-час, што е десет пати поскапо од лани.