СПОРЕД МАРИЧИЌ СУШТИНСКОТО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ СТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ЕУ ИЛИ НЕ

0
394

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервју за Алсат-M рече дека веќе влегуваме во фаза во која ќе треба паралелно да се води скринингот и да се работи интензивно на уставните измени во наредниот период.

-Мислам дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да ги комплетираме уставните измени со едноставно прашање до секој пратеник, бидејќи ова е дилема којашто ќе се исправи пред секој пратеник: Дали сте за членство на Северна Македонија во ЕУ или не? Ова е суштинското прашање на кое треба да се одговори – вели Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека содржината на тие уставни измени не е проблематична, бидејќи се работи за нешто што веќе го имаме во Уставот за повеќе заедници.