СПОРЕД АВМУ КУРТОНИТЕ ВО МРТ ЗА ВРЕМЕ КРВОПРОЛЕВАЊЕТО ВО СОБРАНИЕТО ЛАПАЛЕ МУВИ И НЕ ИЗВЕСТУВАЛЕ НАВРЕМЕНО

0
1490

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ја прекори Македонската радиотелевизија за ненавремено информирање за случувањата во Собранието на 27 април.

Агенцијата преку допис побара Програмскиот совет на МРТ кој има законска обврска да ги штити интересите на јавноста да го преразгледа известувањето на МРТ.

„Јавниот сервис не обезбеди навремено информирање за настаните во Собранието, делови од репортерските јавувања не беа во согласност со улогата и функциите на јавен радиодифузен сервис и не беа организирани актуелно-информативните програми во кои ќе се дебатира за овие општествено-политички случувања кои се од исклучителен јавен интерес. Ова особено се однесува на обврските: да обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање за сите важни политички и други настани и случувања во Република Македонија; да ја промовира и унапредува културата на јавен дијалог и да овозможи арена за широка јавна дебата по прашања од јавен интерес, како и да обезбеди непристрасни, сеопфатни и важни информации и нив да ги презентира јасно, недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето мислење“, пишува во дописот на АВМУ.

Извор : НоваТВ