Данела и Трамп
Откако Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседател, угледниот Вашингтон пост ангажираше над 20 свои новинари и истражувачи , тројца уредници и низа проверувачи на факти да ги откријат сите поединости од неговата биографија, неговото семејно стебло, бизниси, навики и афери со образложение дека тој до тогаш не бил на било која политичка функција и јавноста мора да ги знае пред да гласа за него со сите релевантни информации од кои може да зависи како би можел да се однесува тој човек ако биде избран за претседател.
Резултат на тоа обемно истражување беше книгата Трамп-амбиција, его, пари и моќ на американски начин,во која на цели 500 страници е опишано се, од неговото детство до денес со бројни поединости за неговите предци, бизнисите на татко му и неговите бизниси.
На пример, кандидатката за градоначалник Данела ни се нуди и рекламира како ” Нутела”.
“адвокати” кои прашуваат: како не ви е срам да прашувате кој и бил татко и зошто тоа би било важно?
А важно е.Како и во случајот со Трамп.
Можеби зад сето тоа се крие успешна семејна и лична приказна но, некој треба да ја раскаже без разубавување.
Не е доволно како Данела само да изјавите дека се шират “злонамерни лаги” за неа и се дека додека тие што шират такви лаги за неа таа нема да оди на јавни и тв дебати со нив.
А одеше на такви тв дебати пред првиот круг на изборите кога односот за дебатирање беше 10:1 во корист на неа и на другите кои со 10 пати повеќе тв време, хорски го напаѓаа Шилегов.
Сега поучена од својот ментор и заштитник Груевски, таа изјавува во негов стил. Не е мое ниво Шилегов за дебата , нема што да разговарам со него бидејќи јас како и Груевски “разговарам само со народот”.
И пак нема медиуми кои ќе и објаснат дека учество во тв дебата со противкандидатот за градоначалник на Скопје е должност, пристојност и потреба на јавноста и за гласачите и дека ако таа не учествува во дебати ќе треба да остане како Груевски своите одговори и научно фантастични проекти и лаги да им ги презентира само на новинарите кои нема да поставуваат незгодни прашања во емисиите како Јади бурек Шоуто на Милеко или егзибициите на Латас.
За сега се чини дека само тој стил и тоа друштво и лежи.
Но, за тоа да може да го прави не е само таа виновна.