Спасовски : Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

0
724

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај.
Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, г-ѓа Гордана Кожуваровска, на којашто истакнавме дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет а досегашната одлична соработка продолжува.
Статистиките покажуваат дека во 2020 година е евидентно намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во сообраќајни незгоди, а овие трендови се уште повидливи во јануари 2021 година.
➡️Во јануари 2021 има намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година.
➡️Во јануари оваа година има четири жртви, а во јануари 2020 година имало девет жртви.
➡️Вкупниот број на сообраќајни незгоди пак во јануари е намален за 19 отсто.
➡️2020 година пак е година со најмал број на жртви во историјата- 125 и доколку се направи анализа евидентно е дека од 2017 година оваа бројка постојано се намалува.
Со заеднички напори и залагања можат да се постигнат уште подобри резултати во областа на сообраќајот и пред се дополнително намалување на бројот на жртви.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.