Спасовски : Поранешното барање за потврда за прва помош, го менуваме со знаење за прва помош, пример за тоа како се менува системот и начинот на функционирање

0
763

Секој млад човек треба прво да научи за да го добие потребниот документ.

Денеска присуствував во новиот Центар за обука за прва помош на Црвен Крст на Северна Македонија, за којшто преку партнерски однос со Црвениот Крст успеавме да ги направиме сите предуслови за отворање и кадешто е концентриран целиот капацитет за вршење обука на лица како да укажуваат прва помош.

Една од целите на МВР е и создавање на подобри услови во сообраќајот, за што преземавме опсежна акција во делот на сообраќајните контроли којашто даде резултати – 2020 година заврши како година со најмалку жртви во сообраќајот и со најмалку сообраќајни незгоди во кои има тешки телесни повреди.

Ваквиот успех и резултат ќе се подобрат и преку функционален Центар за прва помош преку кој идните возачи ќе можат да стекнат вештини, знаења и искуства за тоа како се укажува прва помош, особено во моменти кога има лица со тешки телесни повреди.