Спасовски: Повисоки плати и пензии и шанса за сите носи новата македонска развојна економија

0
743

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, имаше средба со жители на општината Ѓорче Петров на којашто беа споделени охрабрувања дека државата е на правиот пат и треба да продолжи да се развива.

Пораките на средбата беа дека државата е осигурана и македонскиот јазик и идентитет признаени од светот, со што се остварени вековните стремежи и се создадени услови за напредок.

-НАТО членството и интеграциите во ЕУ се придонес на нашите генерации во идентитетското и државното запишување во светската карта на држави и народи. Сега се создадени услови за напредок, тоа е брзата развојна македонска економија за којашто зборуваме, со цел повисоки плати и пензии, нови вработувања, социјална грижа за сите, со цел и да ги мотивираме младите да живеат и создаваат во родната земја, а сите граѓаните тука да ја гледаат својата иднина. Тоа е патриотизам на дело, рече Спасовски на синоќешната средба со граѓани во Ѓорче Петров.