СПАСОВСКИ : НЕМА ПОЕДИНЕЦ ВО ОВАА ДРЖАВА КОЈШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПОСИЛЕН ОД ДРЖАВАТА, ОД КОЈА ПАРТИЈА САКА НЕКА Е, МАКАР И ОД ЛЕВИЦА, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАКАНУВАТЕ ДЕКА ЌЕ БЕСИТЕ НА БАНДЕРИ И МВР ДА ВЕ ТОЛЕРИРА!

0
400

На конкретното прашање, дали раководам со партиска или државна полиција ќе ви кажам: Раководам со Министерството за внатрешни работи, институција којашто според закон и според сите норми коишто се на сила, не може да биде партиска.

Таа е избрана во македонскиот парламент, од претставници на граѓаните на Република Северна Македонија и тука врз основа на волјата на мнозинството пратеници сум избран како раководител на министерството и сум должен да работам спрема сите еднакво.

Ако треба да бидат заштитетни, тогаш ќе бидат сите еднакво заштитени, ако треба да носат одговорност, да носат одговорност.