Спасовски: Заврши времето во коешто едни ќе бидат привилегирани, а други ќе бидат угнетувани и казнувани

0
1085

Заврши времето во коешто едни ќе бидат привилегирани заради тоа што припаѓаат на одредена политичка партија, а други ќе бидат угнетувани и казнувани, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање во Собранието.

„Ако тоа време сакате повторно да се врати, се лажете многу, џабе ви се состаноците со луѓето од Будимпешта, состаноци во Грција, состаноци кои ги одржавте изминативе денови, сите тие работи ви се џабе.

Треба да излезете искрено пред граѓаните, да се покаете за сите злодела коишто ги имате направено за Македонија и македонскиот народ, да се покаете за сето она што го правевте во изминатиот период, да побарате прошка, да покажете еден висок степен на демократизација и да покажете дека навистина може да се работи на едно поинакво ниво“, посочи Спасовски.