СПАСОВСКИ : ДЕНЕСКА, ТРИ ГОДИНИ ОД СОЗДАВАЊЕТО АНБ Е ФУНКЦИОНАЛНА, ЕТАБЛИРАНА И ВИСОКО ПОЧИТУВАНА ИНСТИТУЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА НАШИОТ БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ

0
496

Денеска на покана од директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски во Клубот на пратеници присуствував на прославата по повод одбележување на Денот на АНБ, безбедносна институција која веќе трета година од формирањето претставува еден од суштествените фактори во заштитата и безбедноста на сите наши граѓани, институции и државата во целост.

Сигурни во фактот дека безбедносниот систем е основа на правната држава, веднаш по преземањето на власта во 2017 година, започнавме сеопфатен процес на широки реформи во безбедносниот сектор, со цел да воспоставиме објективни и сигурни стандарди на работа, кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните и ќе ја зајакнат довербата во институциите.

Непосредно после ова, на 20 ноември 2018 година, од страна на Владата беше усвоен предложениот модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем, со кој Управата за безбедност и контраразузнавање се трансформираше во посебна агенција, под ингеренции на Владата со јасно дефинирани цели и задачи. За таа цел беше подготвен и усвоен нов Закон за Агенцијата за национална безбедност (АНБ), која отпочна со работа на 1 септември 2019 година.

Реформата на безбедносно-разузнавачките служби беше и реално нужност, дефинирана во склоп на препораките од Извештајот на Прибе која на крај резултираше со формирање на оваа агенција по сите НАТО и ЕУ стандарди, модерна, ефикасна и пред сѐ демократска институција. Денеска, три години од создавањето АНБ е функционална, етаблирана и високо почитувана институција во рамките на нашиот безбедносен систем и од страна на исто родните светски институции. Со задоволство констатираме дека и ние како МВР имаме одлична соработка со АНБ и низ постојана координација досега реализиравме низа успешни акции.

Одличната соработка со АНБ ќе продолжи и во иднина и со тоа ќе придонесеме за безбедноста на државата и сите наши граѓани. Нека им е честит Денот!