Спасовски : Го решаваме долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во Општина Карбинци, го унапредуваме здравјето и квалитетот на живот на граѓаните, како и развојот на земјоделството

0
788

Денеска присуствував на денот на Општината Карбинци, а воедно и на почетокот на работите на пречистителната станица за вода за пиење, која заедно со изградбата на филтер станиците за Општина Штип и за Општина Лозово, ќе ја заокружи првата фаза од повеќенаменскиот систем Злетовица, проектиран за снабдување со вода за пиење на 150.000 жители од Штип, Свети Николе, Пробиштип, Карбинци и Лозово.

Со капитални проекти обезбедуваме квалитетни услови за живот, меѓу кои најважно е обезбедувањето на чиста вода за пиење во секоја општина, како врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија.