СПАСОВСКИ : ГОДИНАВА, ЗА ОВИЕ 5 МЕСЕЦИ, ИМАМЕ 36 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА КОРУПЦИЈА, НАЈБРОЈНИ СЕ „ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБАНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ”, СО КОРУПТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ, ТАКВИ ИМАМЕ 19

0
614

Корупцијата е таа којашто ги јаде работните места, инфраструктурните проекти, парите од Буџетот што сите ние ги даваме преку даноци и учествуваме во полнењето на Буџетот. Борбата против корупција е топ 1 приоритет.

▶️Годинава, за овие 5 месеци, имаме 36 кривични дела за корупција. Најбројни се „злоупотреба на службена положба и овластување”, со коруптивни елементи, такви имаме 19. Имаме „несовесно работење во служба” 8, „примање поткуп” 4, „давање поткуп” 3, и по 1 кривично дело „перење пари” и други приноси од казниво дело и „поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување”. По преземени мерки кривично се пријавени 67 сторители и причинета штета некаде од 80,3 милиони денари.

Aко се погледне наназад како расте бројот на кривични дела кои се откриени, сумата којашто е штета во делот на коруптивни влијанија, од година во година се зголемува
▶️2021 година сме имале 149 милиони денари штета во однос на корупцијата, 2022 имаме 227 милиони денари штета. Оваа година за неполни 5 месеци имаме 80,3 милиони штета, тоа покажува дека се зголемување веќе процентот на откривачката дејност и соработката со граѓаните. Минатата година имаме за 50% зголемување на откривачка дејност. Што покажува тоа? Не само насоченост на МВР кон борбата против корупција, туку генерално резултати од подигањето на јавната свест во којашто граѓаните веќе се охрабруваат и пријавуваат коруптивни влијанија. Тоа е многу важно, затоа говорев за партнерство меѓу полицијата и граѓаните.

МВР има и антикорупциска програма за вработените во МВР.
Вие не може да се борите против корупцијата ако во сопствените редови имате луѓе коишто практикуваат таков начин на криминално дејствување. Затоа ние од самиот почеток од 2017 година кога ги започнавме реформите во системот, започнавме не само со јакнење на интегритетот на полициските службеници преку јакнење на службата за внатрешна контрола и професионални стандарди, туку создадовме надворешен механизам на контрола на полицијата.

Тоа е во рамките на Народниот правобранител, посебно одделение кое се нарекува Полициски омбудсман и се грижи за заштита на правата на граѓаните тогаш кога тие ќе бидат повредени од полициски службеници. Парелелно во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се формираше посебно одделение кое исклучиво ги процесуира предметите кои се однесуваат на полициските службеници кои на било кој начин ја злоупотребиле својата позиција која ја имаат. Во тој дел најважна работа е да нема селективност и пристрасност. Без разлика на тоа дали сме колеги, дали е функционер, дали е било каков носител на фунцкија или граѓанин, да бидеме еднакви пред законот. Тоа го бараат граѓаните.