СПАСОВСКИ : ВЕЧЕРВА ВО ЦРКВАТА „СВ. СОФИЈА” ВО ОХРИД, ПРИСУСТВУВАВ НА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 24 МАЈ – ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

0
454
Под мотото „Писмото е нашиот универзум“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, во Охрид – жариштето на македонската и сесловенската писменост, започнува дводневното свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Првата словенска азбука – глаголицата е изворот, како на денешните современи словенски јазици, така и на македонскиот јазик. Делото на Светите браќа живее и денес преку нашиот македонски јазик, признат и рамноправен со другите светски јазици во ОН и во ЕУ.