Спасовски: Безбедносната состојба во Прилеп е добра, набрзо со детали за поставените рачни бомби

0
964

Денеска во Прилеп со градоначалникот Јованоски разговаравме за соработката меѓу локалната самоуправа и полицијата која е на одлично ниво, а се разбира, разговаравме и за плановите за идна соработка.

Заедно присуствувавме и на седницата на Локалниот совет за превенција, меѓуинституционално тело кое е извонредна можност за навремено и точно детектирање на сите предизвици важни за функционирањето на една средина.

Учеството во работата на Локалниот совет за превенција за нас во Министерството за внатрешни работи е од исклучителен интерес како во поглед на продлабочување на комуникацијата со граѓаните, така и во поглед на интензивирање на соработката особено во контекст на нашата примарна цел да ја етаблираме полицијата како реален сервис на граѓаните.

Само преку континуирана комуникација меѓу граѓаните и полицијата можеме да целиме кон подобрување на квалитетот на живеење.