СО 1 МИЛИОН ЕВРА ГРАНТ ОД ЕУ ЌЕ ГО ПРАВИМЕ ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА

0
950

Со проектот за локална и регионална конкурентност со кој што се подобрува туристичката понуда, со вкупна вредност од речиси 1 милион евра, езерото „Младост“ крај Велес станува смарт езеро коешто ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава.

Од вкупно 62 милиони денари, 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општината.

„Со воведувањето на паметни елементи во опркужувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди коишто исто така се управуваат преку одредени паметни модели се олеснува менаџирањето со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни“, истакна вицепремерката Мила Царовска.

Преставникот од ЕУ, Никола Бертолини истакна дека Европската Унија константно го помага регионалниот развој.

„Овој проект е дел од многу интересна програма којашто овозможува многу проекти во целиот регион и е воедно директен одговор на последиците од кризата од пандемијата затоа што само со инвестиции и со кредибилитет државата ќе продолжи понатаму. Туристичкиот сектор кој беше најмногу погоден  од кризата може да смета на нашата поддршка”, рече Бертолини.