Со цариничка гатачка Груевски ги контролирал братучедите Мијалкови, но некој ги снимал сеансите!

0
2258

Одложената законска примена за објавување на нелегално прислушувани материјали и од лична природа ако има јавен интерес на предлог на ВМРО ДПМНЕ, веќе вродија со плод! На социјалните мрежи за појави аудио снимка во времетраење од над еден час, на кој е снимен разговор помеѓу екс премиерот Никола Груевски и извесна Кети, која како што пишува порталот Сведок била вработена во Царинската управа, во одделот за истраги, која со помош на натални карти и хороскоп на Груевски му ја претскажува иднината, но не само нему туку и на братучедите Мијалкови, посебно за Сашо.

Но, според „експертизата“ од око, овде не станува збор за снимен телефонски разговор, туку за снимен разговор во кабинетот на Груевски некаде на крајот на мај 2012 година, со дикатафон или со тајно поставени прислушни уреди.

Пред крајот на разговорот ѕвони фиксен телефон, Груевски се јавува и кажува да почека тој што бил дојден за кај него.

tn1_20160603_015319_gatackata 1

Гатачката, која СВЕДОК ја лоцирал дека работи во одделението за потраги во Царинската управа е нов лик, кој разговорот го прави од крајно комичен до налудничав, кажувајќи му на Груевски не само за пороците на братучедите, туку и за неговите семејни проблеми, вклучувајќи дури и наводна афера што ќе се обидат да му ја наместат на Груевски со некоја жена, која ќе се појави и ќе се слика до него.

Од целиот разговор се заклучува дека екс премиерот Никола Груевски повеќе пати ги користел гатачките способности на инспекторката, која открива дека во овој случај нема да бира зборови па ќе му каже се отворено!

Па така, Груевски преку наталната карта за него, за Сашо и Влатко Мијалков, како и од картата на Бранко Црвенковски, кој му е непријател и од кого нјаденова „црпи сила“ (ако немаме непријатели ќе ги измислиме – му вели гатачката на Груевски) ќе дознае дека треба да ги провери жолчката и бубрегот, дека ќе има проблем со вратот и болки во грбот, дека ќе се здебели, ама, гатачката му посакува да му се случи тоа, за да го растресе малку и да се соземе, зашто кога работи, тешко на тие околу него што го трпат зашто е голем работник!

Но, нај интересни се деталите од наталните карти на Сашо и Влатко, каде што гатачката-инспекторка прогнозира операција за Сашо, реализација на акции, како фаќање дрога – дел со нејзина јасновидност, зборува за неговиот темперамент, дека е магнет за жени, за проблемот што го има со забите, за начинот на кој функционира и не одговара на повикувања, па до предупредувањето до Груевски да внимава со кого се слика и да пази да не му наместат швалерска афера.

Гатачката му потенцира на Груевски дека неговото и семејството на Сашо трпи, ги советува за бисниси, пари, па дури и му сугерира на Груевски да не влегуваме во ЕУ зашто ќе се распадне.

-Не сакам во Европа ич, не дај боже да не примат. Бродот тоне ние ќе се придружиме, што правиме. Ние ќе имаме ќар од тоа што им е тешко на непријателите- предвидува гатачката пред Груевски, на кого му кажува дека им е симпатичен на странците, само ја нема топлината кога се поздравува со нив, ладен е, како да се поздравува со Меркел.

Покрај за успесите на Груевски, меѓу нив и успех со парите, царинската инпекторка го советува да направи проверки за здравјето, да се чува од блиски пријатели кои не му мислат добро, лошо се изјаснува за Филип Петровски, Марјан додовки и други „стари вмровци“ кои штом еднаш ги предале, тоа пак ќе го сторат.

Во долгиот разговор, во кој Груевски само потпрашува, гатачката зборува и за риголем успех на екипни спортови на спортисти од Македонија, кажува дека и се допаѓа Гордана Јанкуловска, Срѓан Керим и е и така и така..

Му објаснува на Груевски дека главоболката за која зборувале минатиот пат ќе му остане, како и болките во кичмениот столб, тоа да се реши, па остануваат само терапија, и масажа за шилци. Му најавува дека ќе трпи семејството, ќе има поголем проблемот дома, но тоа ќе биде предизвикано од надворешни инфилнтранти.

Гатачката му открива на Груевски дека дел од наталните карти со сите полиња во нив ги работи ноќе, не спие со ноќи, но за ова пишува и на паузите кога другите не се во царина, па таа на меморандум запишува работи за да не гледаат другите. Зборува дека Никола Тодоров не знае здравство но ќе научи.

Во советите до Груевски не заостануваат и глобалните закани, дека од 24 март (најверојатно 2012) ќе снема струја, ќе паѓаат системи, може вода ќе прсне..

Притоа, гатачката го советува Груевски да смени нешто дома, да пребои, едноставно мора да  смени нешто да вметне топли бои.

-.Допирот го немате, треба да имате топлина, а не како што се ракувате како Меркел..Европа ќе се распадне, НАТО вештачки ќе се одржува- му предвидува гатачката на Груевски…

На крај, покрај се што му кажа за семејните односи  и проблеми, гатачката бара на и  даде пенкалце или моливче, не мора да е скапоцено туку обично, со кое пишувал, за да да го чувствува додека пишува да и даде сила.

Аудио снимката открива и многу други детали од гатачката сеанса на која бил подложен сега екс премиерот Никола Груевски.

Но, главното прашање е: зошто Груевски нарачувал натални карти за братучедите Мијалкови, во кои се распрашува и за смртта на нивниот татко, а негов вујко Јордан Мијалков, како и тоа: кој го снимал разговорот, дали кабинетот бил озвучен цело време или некој тајно снимал, за сега, по одложената примена на законот за свиркачи да покажат на лице место дека може да има и други матееријали кои не се предадени во СЈО и кои можат да служат за „забава“ пред изборите кога и да бидат!

Полицијата тврдеше дека нашла десетици фајлови од прислушувани во компјутерот на Захир Бектеши Чауш, но ниту еден не беше употребен како доказ во постапката, па сега логично се бара одговор каде се тие докази и дали е тоа дел од смислено сценарио да не се објават во судница, туку да се најдат на интернет.

Гатачката од Царина покрај наталните карти за кои се слуша од снимките, на јавноста и е позната како една од најборбените станари кои се спротивставија на акцијата за рушење на зграда во Дебар маало до 2002 водена од членови на ВМРО ДПМНЕ.

Таа, според извори на Сведок потекнува од семсјтво во кое има универзитетски професори.

Во времето на премиерувањето на Љубчо Георгиевски, со слични пораки, но само за него, не за цела партија се јавуваше и Мирјана Данаиловска Мина, сопруга на тогашен министер за здравство која беше вработена во Владата!

Извор: Сведок