Со СДСМ, во 2019 година, минималната плата порасна на 14.500, а просечната на 26.000 денари

0
926

Успешноста на политиките на СДСМ и концептот на враќање на парите назад кај граѓаните ја потврди и изминатата 2019 година.

Во 2019 година минималната плата со СДСМ порасна на историски највисоки 14.500 денари. Тоа е зголемување од 5.500 денари.

Со декемвриската плата, околу 90.000 граѓани, работници добиваат  повисоки месечни примања.

Просечната плата со СДСМ порасна на 25.726 денари што е зголемување за над 3.000 денари.

Вработените во градинките, образованието, културата, здравството, армијата, центрите за социјална политика имаат зголемени приходи како никогаш досега, поголеми од 20%.

Ако одиме по сектори, повисоки плати за 16%  добиваат  над 3.000 вработени во градинките  или во просек за 3.000 денари повеќе од претходно.

Со покачувањето од 10 отсто од 1 јануари, вкупното покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува кумулативно скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година.

8 години платите во Армијата беа замрзнати, денес платите во одбраната растат од 3.000 до 6.000 денари, а дополнително секој припадник на Армијата добива по 7.000 денари за станарина.

Заедно со  претходните зголемувања на платите на докторите и тоа од 2018 година за 5% и јануари 2019 година за 10 отсто ,вклучително  со последното покачување во Февруари 2020 година од 25% ,претставува вкупно зголемување на платите на докторите за 40 отсто само за две и пол години.

Дополнително како стимул за приватниот сектор, се донесе Закон за субвенционирање на социјалното осигурување за сите претпријатија кои ќе покачат плата на нивни вработен од 600 до 6.000 денари. Со што вкупната бројка на работници кои ќе добиваат поголеми плати изнесува околу 92.000.

СДСМ останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и државата. Продолжуваме и понатаму со реализација на мерки и политики кои значат повеќе пари и подобар животен стандард на сите граѓани.