Со позитивни мерки ја зголемуваме вработливоста на младите за да останат во државата – Царовска, Шкријељ и Каевски на инфо сесија со студенти на економски факултет

0
710

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заедно со дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и деканот на Економскиот факултет во Скопје Предраг Трпески пред студентите ги презентираа владините мерки кои се однесуваат за млади лица.

Зголемувањето на можностите за вработување на младите е начин како да ве поттикнеме да останете овде и сите вештини кои сте ги стекнале во средното, во високото образование да ги вложите во развојот на оваа држава, им се обрати на студентите вицепремиерката Царовска.