Со Груевски нема напред! Македонија има најлошо здравство во Европа

0
909

Децениското владеење на Никола Груевски и неговите послушници целосно го руинираше здравствениот систем. Со неодгвороно и криминално работење, Никола Тодоров ВМРО-ДПМНЕ го направи македонското здравство најлошо во Европа

За време на владеењето на Никола и Никола годишно над двесте доктори неповратно си заминуваат од државата а јавното здравство е пред колапс. Секојдневно умираат пациенти поради негрижа или неспособност на администрацијата. Случајот на Тамара е пример дека на Тодоров и Груевски битен им е само личниот маркетинг а никако грижата кон граѓаните.

Наместо решавање на клучните проблеми се ветуваа изградби на клинички центри кои не само што не се остварија, туку никогаш не започнаа со градба. Наместо вистински реформи, Тодоров си делеше тендери на блиски соработници и медиумски извршители.

Груевски и Тодоров го вратија здравството во средниот век и последиците од нивното неодговорно работење ги трпат и пациентите и докторите. Токму затоа, граѓаните на 11 декември ќе ги казнат таквите неодгворни политики и ќе им врачат отказ на Никола и Никола за никогаш повеќе да не бидат во ситуација да се изживуваат со граѓаните и медицинскиот персонал.