Со ваков резултат Груевски е аут од политика!

0
2557

Ај да направиме сума сумарум што значи исходот од вчерашните избори. Без разлика кој ќе ја формира и каква ке биде таа влада, дали техничка, коалициска или концентрациона, јасни се повеќе работи.

Прво и најбитно, со ваков резултат Груевски е аут од политика.

Второ: СЈО ги поставува темелите и продолжува да ги масакрира криминалците.

Трето: Партиска демонтажа на сите државни институции.

Четврто: Гaрантиран реизбор на судии и коренити промени на судството

Петто: Измена на избирачкиот модел во една Изборна Единица со што никогаш повеќе во МК нема да се случи режим.

Шесто: Дел од раководството на ДПМНЕ ке заврши по затвори.

Седмо: Јасно светло какво демолирање ги очекува ДПМНЕ на локални.

Осмо: Спроведување на сите реформи од извештајот на Прибе

Деветто: Партиските ограноци и бесни лавови кои уценуваа и го тероризираа народот, ќе се претворат во тивки плашливи мачина.

Десетто: Многу веројатни реформи во врвот на ДПМНЕ, знаејки со каква брзина на светлината тоне партијата.

Единаесто: Заев е во далеку подобра преговарачка позиција со албанските партии за составување на влада, со оглед на тоа каква антиалбанска кампања тераше ВМРО.

За каква победа зборувате пријателчиња од ДПМНЕ, што од ова вас ви одговара?

Фејбук статус на Љупчо Маркоски