СО БОКИ СУДОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО РЕАЛНО ШОУ : Боки го цитираше Андриќ, Русковска го праша дали “фукарата” која се збогатила е тој

0
705

Обвинетиот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски повторно побара од судот да го пушти од притвор и во неговиот говор пред присутните го цитираше познатиот писател Иво Андриќ.

-Јас нема да го цитирам Гоце Делчев, затоа што никој тука не  е дораснат да го цитира, но ќе го цитирам Андриќ кој  вели “Доаѓаат времиња кога паметниот замолчува, будалиот прозборува, а фукарата се обогатува”. Дојде време кога целиот државен врв е свртен против мене, а тоа сум јас, рече Јовановски.

Токму обвинителката Вилма Русковска го цитираше Гоце Делчев при образложението на обвинението за организаторите на 27 април. Таа стана и рече – Судија а да го прашате дали за “фукарата” мисли на себе?. Јовановски не чекаше и веднаш и возврати – Срам те било!.

Јовановски побара од судијката да го заштити од политиканството што се водело пред избори, врз него и врз неговото семејство.

Денешното рочиште заврши со испитување на двајца сведоци на одбраната и продолжува во петок.