СОФИЈАНОВА СО ЗАГРИЖУВАЧКА ИЗЈАВА : ОВОЈ ВИРУС ЗА ЕКСПЕРТИТЕ Е ТОТАЛНА НЕПОЗНАНИЦА, ПОТРЕБНО Е ПОВЕЌЕ ВИТАМИН Д3 И ПОВЕЌЕ ЗДРАВА ИСХРАНА И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

0
1779

Нешто се случува со самиот вирус, веројатно сега доаѓа и оној вирус на инфлуенца Х1Н1. Нешто се случува и на нивото на медицината, вели д-р Аспазија Софијанова, специјалист педијатар во Студио 10 на ТВ 24.

-Овој вирус сè уште е непознаница. Треба повеќе физичка активност, добро се храниме, но треба да обрниме внимание по оние суплементи кои го подобруваат имунитетот. Здравиот живот влијае на имунитетот. Да не заборавиме на витаминот Д3. Треба да стане навика тоа – вели д-р Аспазија Софијанова, специјалист педијатар во Студио 10, на ТВ24.

Докторката Аспазија Софијанова смета дека мерката за задолжително носење на маска на отворен простор е исправна.

Таа посочува дека најдобри маски се Н95, но, како што истакнува, сите маски штитат.

-Според последните истражувања, аеросоли од коронавирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа. И затоа е потребно да се носи маска и на отворено – смета Софијанова.

Извор : Слободен Печат