Сопругот на Гордана Јанкуловска е сега новиот БУЏЕТАР И ЦИЦАЧ НА ДРЖАВНА ЦИЦКА! Ќе цица народни пари како претседател на Инспекцискиот совет

0
1429

Влатко Илиевски, сопругот на екс министерката Гордана Јанкулоска, и официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет.

Одлуката на Владата, со потпис на вицепремиерот Никола Тодоров, денеска е објавена во „Службен весник“. Илиевски пред два месеца, на 18 август, беше избран за в.д. претседател на оваа институција, а сега и официјално застана на чело на Инспекцискиот совет, објави Нова.

Сопругот на Јанкулоска претходно беше советник во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, а во 2013 година стана и независен член на одборот на директори на Македонската Берза.

И додека Илиевски напредува во кариерата, неговата сопруга Јанкулоска, се соочува со неколку истраги во кои таа е осомничена за тешки кривични дела кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

Јанкулоска откако си даде оставка од МВР не е вработена во некоја државна иснтитуција.