Сопругата на Пеце Наумовски за ФОКУС: Ме избрка од Македонија, а на децата не им дава алиментација!

0
1284

Naslovna-1044

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

БОМБА – ПОМИЈА
Обидот на Талат Џафери и Крсто Мукоски, со бомба-помија да се спротивстават на европските вредности за кои 6 месеци им го трошиме времето на Хан, Бејли и на Орав, нема да помине. „Бомбите“ нема да бидат избришани од колективната меморија на Македонецот со еден закон!

ПАСТИРОТ И „БОМБИТЕ“
Како што се ближи разврската на македонскиот политички јазол, а на пастирот му станува се појасно дека „протекторите“ му ја стегаат шијата, сопствениот криминал и ехото од „бомбите“ силно му одзвонува во ноќните кошмари

ПОСЛЕДНА ЕНИГМА ПРЕД ИЗБОРИТЕ
Замениците министри во петте министерства ќе имаат право на вето токму на прашањата поврзани со изборите, но, за да не дојде до ситуации секој заменик министер произволно да го користи правото на блокада, надлежностите на замениците мора прецизно да се утврдат

САМОИЛ МАЛЧЕСКИ: ЛУЃЕТО ШТО СЕ КОЛНЕА ВО ЉУБЧО, А ПОТОА ГО БЛАТЕА, ЌЕ ЗБОРУВААТ СЀ НАЈЛОШО И ЗА ГРУЕВСКИ
Откако во „Фокус“ призна дека не бил донатор на ДПМНЕ иако така стои во партискиот извештај, обвинителството отвори предмет, но без епилог. Со Малчески, кој сега е дел од Форумот на слободоумни патриоти, разговаравме како ДПМНЕ се претвори во партија на горди послушници

И ВО ЊУЈОРК МУ ПАДНА ЧАЛАМОТ НА ПАСТИРОТ
Премиерот Никола Груевски, по „триумфалните“ посети на Новаци, Младо и Старо Нагоричане, Цапари, Студеничани, Добромирци, Порој, преку Мала Речица… се најде на „Ист Ривер“. Во „Големото Јаболко“. Претходно, удостојуваќи ги со неговото присуство Колумбус, Њу Џерси и Хартфорд.

САЊА ОБРАДОВИЌ: МЕ ИЗБРКА ОД МАКЕДОНИЈА, А НА ДЕЦАТА НЕ ИМ ДАВА НИТУ ДЕНАР АЛИМЕНТАЦИЈА!
Сопругата на поранешниот кошаркар и пратеник Наумовски, Сања Обрадовиќ, за „Фокус“ изнесува серија обвинувања, како била принудена да замине од Македонија со само 30 кутии и за финансискиот крах кој го доживеала. Таа го обвинува Наумовски дека поради неговите блиски релации со власта, не можела да најде ниту адвокат

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД БЕГАЛСКАТА КРИЗА?
Ексклузивно за „Фокус“ аналитичарот Сем Вакнин открива дека зад бегалската криза во Европа се крие смислено организирана акција на германската канцеларка Ангела Меркел за пренесување на околу 1 милион бегалци – Сиријци, пред се професионалци – лекари, инженери, компјутерски програмери…

СИНДИКАЛНО-ПОЛИТИЧКИ ТРИЛЕР
Исклучувањето на Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) од ССМ наскоро ќе се најде на суд, поради што синдикалниот лидер Живко Митревски е во небрано. Владеачката партија би можела да се откаже од неговите услуги, но таа секако сака да продолжи да ги дисциплинира непослушните синдикалци

НЕ ВЛАДЕЕ УБАВИОТ, ТУКУ УПОРНИОТ
СДСМ е заглавен во фазата на негативен оптимизам, а ВМРО-ДПМНЕ работи турбо, воден од позитивниот песимизам, кој е главна одлика на на пастирот. Таквиот контраст воопшто не влева надеж кај тие што сакаат да му го видат крајот на режимот!

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Ние што учествувавме во обезбедувањето на приемот на Македонија во ОН и во потпишувањето на Привремената спогодба, сме го одбраниле националниот идентитет и достоинството на нашата држава и сме оставиле состојба, која, навидум, сега ја бранат новите патриоти

Рамадан РАМАДАНИ

Кумановските настани годинава беа и ќе останат еден од најголемите тестови колку меѓуетничкото во Македонија може да се употреби во некакво политичко преиначување. Ако со секој нов објавен детаљ, сѐ посомнителен настан, се разјасни уште повеќе, ќе биде јасно на што сѐ биле подготвени некои, само за да ја зачуваат власта.