СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА И ЈАВЕН ПОВИК ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАСЕГНАТИТЕ

0
1093

Почитувани,

Ја информираме јавноста  дека Комитетот за заштита на правата го состави Експертскиот совет кој што ќе разгледува притворски предмети и ќе даде стручно мислење  за кои случаи притворот е непотребен.

Експертскиот совет го сочинуваат:

Валентин Зафиров од Велес – актуелен адвокат со дваесет годишно судско искуство од кои петнаесет години искуство како кривичен Судија.

Илија Танев од Скопје – поранешен Судија со повеќе од дваесет години судско искуство од кои единаесет годишно искуство како кривичен Судија

Насер Рауфи од Скопје – актуелен адвокат со големо искуство во кривични предмети

Сите овие Експерти се професионалци во областа кривично право и лично учествувале во голем број на притворски предмети како судии или адвокати со што се гарантира нивната професионалност.

Во канцелариите на Комитетот ќе се врши прием на семејствата на притворените лица, ќе се прибира документација поврзана со притворот.

Од страна на Стручниот експертски совет ќе бидат разгледани сите случаи, а за оние што ќе биде проценето дека притворот е непотребен, Комитетот ќе се заложи јавно за промена на мерката.

Во координација со адвокатите и семејствата, во еден ден, во исти момент ќе бидат поднесени барања за замена на мерката со друга алтернативна мерка, во случаите каде што притворот е веќе непотребен.

Граѓанската акција АЈДЕ ДА СПАСИМЕ СУДБИНИ се спроведува од Здружението ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје и Комитетот за заштина на правата. Акцијата е финансирана преку програмата Цивика Мобилитас, проект кој што е финансиран од Швајцарија.

Со почит,

Центар за комуникации                                                                                                                на Комитетот за заштита на правата