СООБРАЌАЈОТ Е ВО ПРЕКИН ПОРАДИ ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ ПАТОТ РОСОМАН – ПРИЛЕП КАДЕ ПОДОЦНА ПУКНАЛЕ И ДВЕ ОДВОДНИ ЦЕВКИ

0
527

Од 5.55 часот регионалниот пат Росоман – Прилеп, кај месноста викана Трите ленти на Плетвар, е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информира Авто мото сојузот на Македонија. Засега нема информација кога патот ќе биде оспособен за сообраќај. Екипи за интервенции на патиштата се излезени на местото и работат на санација на патот.

Многу земја и вода има на патот каде според нашата информација дека покрај одронот имало и две пукнати одводни цевки, a за состојбата реагираат граѓани преку социјалните мрежи кои биле тргнати на пат.