Солидарност: По договорот, борбата со малигниот груевизам мора dа продолжи

0
836

солидарност

Соопштение на левичарското движење – Солидарност:

Договорот кој во вторникот зад затворени врати го постигна политичкиот естаблишмент на Македонија во посредство на европските делегати, за нас, значи само едно: борбата против малигниот груевизам во општеството мора да продолжи! Договорот не претставува никаков демократски исчекор. Напротив, тој се коси со стремежот на Република Македонија да биде демократска и социјална држава и ги негира идеалите за кои се залага медијаторот на процесот, Европската унија, се вели во реакцијата на левичарското движење Солидарност.

Тие тврдат дека најзагрижувачки е што го занемарува големото тивко мнозинство кое не се приклонува кон ниедна од четирите партии и кое не било претставено на преговорите, а ќе трпи најголеми последици од нивниот исход.

„Договор со Груевски не може да биде основа за просперитетна, праведна и слободна Македонија. Власта на ВМРО­-ДПМНЕ и ДУИ докажа дека за неа не постои ниту Устав, ниту закон кој може да ги спречи во нивниот поход против слободата на изразување на медиумите и луѓето, слободата на здружување, социјалната правда, работничкиот стандард и при уништувањето на нашите животи. Физичките напади од страна на вицепремиерот Пешевски, а претходно и од режимските медиумски соработници, врз претставник на новинарската фела заради поставување критички прашања е најдобра илустрација за самоволието и насилството по кои стана препознатлива оваа власт“, тврдат од Солидарност.