СОЛЗЕТО ГРЧЕВА ПО ПАТОТ НА ВАНКОВСКА – НА ФЕЈСБУК ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ПРАВИ ПАРТИЈА КОЈА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО!

0
1523

Партијата на поранешната пратеничка во македонското Собрание, Солза Грчева ќе биде формирана на 24 февруари.

Новата политичка опција ќе се вика „ГЛАС за Македонија“, а Грчева на својот фејсбук профил објави дека дополнително ќе го прецизира точното време и локација за Основачкото собрание на партијата.

„Поради голем интерес за настанот, ги замолувам основачите кои потпишале изјави, како и сите заинтересирани да ми потврдат свое присуство во инбокс, со кусо: доаѓам. Ова ни е потребно поради планирање на капацитетот на салата и сите други организациски работи“, напиша Грчева на социјалната мрежа Фејсбук.

Солза ја користи славата која и ја дадоа режимските медиуми кои ја викаа на дебати за да плука по матичната СДСМ од која и стана пратеник. За да опстане и улови нешто на политичкиот мегдан, таа фати да оди радикално на маргините и се залага против влез на Македонија во ЕУ и НАТО, со тоа нејзината партија ако успее да ја направи ќе биде втора партија во земјава, покрај партијата на Јанко Бачев која отворено се залага за партнерство на Македонија со Русија.