Советникот на Никола Тодоров, Венко Филипче е новиот министер за здравство

0
4080

Неврохирургот, Венко Филипче кој своевремено беше советник на екс министерот за здравство, Никола Тодоров, а сега советник во владата на премиерот Заев, ќе биде нов министер за здравство, потврдија од Владата.

И покрај изјавата на вицепремиерот, Бујар Османи дека пред 25 декември нема да има назначување на нов министер за здравство, сепак неколку часа подоцна од Владата потврдија дека Филипче ќе застане на чело на министерството.

Филипче во периодот додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ беше член и на Професорскиот контра пленум, но дури сега кога стана советник во новата влада на Заев изјави дека всушност бил во забуна односно вели дека во тој период од страна на специјализант бил информиран дека потпишува иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет.

Филипче беше учесник и на лекарските контра протести кои беа организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како контра мерка на лекарите кои ги бараа своите права.

Во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, новиот министер на Заев беше член на неколку здавствени комисии.

Според сознанија на А1он голем дел од лекарите ќе изразат незадоволство од изборот на СДСМ за министер кој се најавува за оваа функција веќе подолго време.

Извор : А1он