СОВЕТИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЗА БЕЗБЕДНО ПАТУВАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

0
876

И покрај пандемијата која ги окупира нашите мисли, однесувања и надежи, сепак летото неуморно испраќа позитивни вибрации кои поттикнуваат на патување. Во прилог на тоа, ви даваме совети кои би можеле да ви ги олеснат долгоочекуваните денови предвидени за мало опуштање. 
🔵 Пред да тргнете, запознајте се со ситуацијата во земјата или местото што сакате да го посетите. Можеби таму постојат некои посебни мерки за внимание? Затоа, прво информирајте се, па тргнете.
🔵 Најдобро е да патувате со автомобил, бидејќи возењето со автобус или друго групно превозно средство со останати луѓе во овој момент не се препорачува.
🔵 За да го намалите контактот со непознати луѓе, најдобро е однапред да го наполните резервоарот и да понесете храна за по пат затоа што застанувањето на бензински пумпи значи зголемување на ризикот. Уживајте во хоризонтот и природата низ која се движите.

🔵 Доколку имате идеја да престојувате во приватно сместување, а не ги знаете тамошните хигиенски услови, најдобро е да го избегнете. Можеби треба да размислите за кампување? Отворениот простор е место каде што вирусот не е толку моќен.
🔵 Се сместивте и по неколку поминати дена ви треба дополнително количество храна. Доколку купувате, тогаш подигнете ја и јадете ја надвор, а не во затворени простории. Најдобро е да истражите дали на местото каде што престојувате има опција за достава на храна.
🔵 Пред да тргнете, проверете дали имате доволна залиха на средства за дезинфекција.