Собрани 740.783 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

0
1035

На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 32.372.244 денари или 526.377 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400 собрани се 13.186.000 денари или 214.406 евра, или вкупно 740.783 евра, соопштија од Црвен крст.

Досега екипите на Црвен крст дистрибуирале:

  • 30.049 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица);
  • 21.000 дневни оброци;
  • 9.700 топли оброци;
  • 2.792 конзерви храна;
  • 28.791 литри млеко;
  • 15.422 литри јогурт;
  • 6.204 пакети со хигиенски производи
  • 1.098 бебешки пакети;
  • 295 тони вода;
  • 746 пакети пелени;
  • 568 душеци;
  • 4.400 ќебиња;
  • 600 килограми облека;
  • 734 пара чизми;
  • 341 литар дезинтал;
  • 98 градежни колички;
  • 126 лопати;
  • 1.036 маски.

Поради постоење на понатамошен интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, акцијата ќе се продолжи за седум дена и ќе трае до 29 август.

По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.