СОБРАНИЕТО ИМ ДОЗВОЛИ НА ВМРОВЦИТЕ ТОТАЛНО ДА СЕ ИЗБРУКААТ ПРЕД ЈАВНОСТА: ВО 2021-ВА ЌЕ СОБИРААТ 10 000 ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ ДИГИТАЛНИ КНИГИ!

0
918

Двете собраниски комисии – за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија го прифатија предлогот на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ да се иницира референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Тоа беше второ поднесување на предлогот во Собранието на групата родители кои не се согласуваат со новиот закон и целосна дигитализација на учебниците од четврто одделение. Првиот пат двете комисии не го прифатија предлогот зашто собраните потписи беа неуредно доставени, односно не беа во согласност со Законот за референдум.

Следно е претседателот на Собранието, Талат Џафери да го прифати предлогот и да може да почнат да ги соберат потребните 10 000 потписи за да се распише рефендум на ниво на целата држава.

Драгана Спасовска, претставничка на Граѓанската иницијатија, за МИА изјави дека очекува Џафери набргу да одговори и потоа тие ќе имаат рок од 30 дена да ги собираат потписите.

– Кога Државната изборна комисија ќе отвори избирачки единици, имаме рок од 30 дена да собереме 10 000 потписи. Потоа нив повторно ќе ги доставиме во Собранието за распишување референдум, рече Спасевска и додаде дека нема сомнеж оти ќе ги соберат 10-те илјади потписи што се потребни за да се организира непосредно изјаснување на граѓаните.

Спасевска на седниците на собраниските комисии денеска ги образложи причините за нивните барања и зошто сметаат дека најавените реформи не се во интерес на децата.

Оваа фејсбук-група, која има околу 70 000 приврзаници кои, според Спасевска, се гласот на родителите, имаат неколку барања во врска со најавените реформи, но пред се да се запре донесувањето на Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основно и средно образование, кој е во собраниска процедура.

Таа изјави дека за референдумот ќе формулираат прашање што ќе биде концизно и конкретно за да нема забуни.

Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, прво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование. Според предлог-законот, учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени (хартиени) учебници.