СНИМАТЕЛОТ БОРИСЛАВ СТОИЛКОВИЌ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА МОНСТРУМ БИЛ ПОГОДЕН ОД БЕКАТОН ПА ПАДНАЛ ВО ШАХТА БЕЗ КАПАК!

0
1174

Сведоштво на новинарот кој беше повреден на протестот за „Монструм“

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ.

Екипа на Брза помош му помогнала на лице место, а во стара Градска болница раката му ја ставиле во гипс.

– Бев качен на средишната жардиниера на булеварот кога ме погоди бекатон коцка в грб. Изгубив рамнотежа и да не паднам во жбуновите се извртев и паднав право во шахта без капак на улицата. Едната нога ми пропадна и ја скршив раката – истакна репортерот на “Инфомакс”.

Колегите имаат снимка од моментот на ударот и од тоа како паѓа, која Столковиќ рече ќе ја објави кога ќе ја добие.

– Сега сум добар. Ми рекоа дека 50 дена ќе треба за да ми заздрави раката, толку години сум имал – вели тој.

За повредите на Стоилковиќ јави и МВР.

– Вчера околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.