Претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ кажа дека со мобилен ја снимал пратеникот Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа во изјава за Фокус, вели дека од Јованчев ќе бара јавно да и се извини за случајот.
„Јас лично, не забележав кога пратеникот ме снимал, но забележаа мои колешки и тие веднаш реагираа. Бев преокупирана со заштита на материјалите, и да ја завршам седницата согласно деловникот“, вели таа.
Maкедонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Собранието, говореше за деструкцијата на опозицијата и кажа дека пратеник снимал своја колешка на 15 сантиметри од деколтето.