Смути од ѓумбир: Детокс на целиот организам

0
1654

Постојат многу начини да го прочистите телото, но еден од наједноставните и најделотворните е смути фрапе. Благодарение на богатата содржина на витамини, минерали и влакна, смутито одлично делува на нашиот организам, давајќи многу позитивни резултати: повеќе енергија, подобро расположение, помала желба за благо, поздрав изглед на кожата и секако, намалување на килограмите.

Како идеален предлог за детоксикација, издвојуваме рецепт за свеж смути од ѓумбир. Се што треба да направите е во блендер да ги измешате сите состојки наведени подолу и да ги воведете во своето дневно мени. Најдобро би било тоа да биде наутро, затоа што овој фантастичен смути ќе ви даде енергија која ви е потребна за цел ден.

Што ви е потребно?

1 корен од ѓумбир
1 лажичка цимет
1 рака спанаќ
1 шолјичка филтрирана вода

Предности на ѓумбирот
Ѓумбирот делува врз системот за варење, го забрзува метаболизмот и го чисти целиот организам. Се користел низ вековите како помошно средство за лекување на многу болести.