Слободан Богоески: Дојден е денот кога граѓаните на оваа земја ќе ги казнат злосторниците и конечно ќе им покажат каде им е местото

0
1064

Пред 27 години јас и г-нот Павле Трајанов се изборивме за департизација на институциите, односно за издвојување на државата од партијата. Подоцна, во процесот на осамостојување на Македонија бевме најзаслужни за тоа што во нашата татковина не се испука ниту еден куршум и ја зачувавме нејзината унитарниот.

За жал, денес ние сме доведени во ситуација повторно да се бориме за истите овие вредности. И уште повеќе – нашата борба е и борба против злосторничкото здружение кое веќе 10 години ја уништува нашата земја, за сметка на нивното енормно богатење. Ние сме денес држава на сиромашен народ, прогонуван, уценуван и заплашуван.

Цела една деценија фамилијата и злосторничкото здружение на власт како споулавени грабеа се што ќе посакаа, притоа не водејќи сметка за судбините на илјадници луѓе кои останаа да преживуваат од ден за ден.

И покрај сиот криминал кој го вршеа а на кој сите ние бевме сведоци, тие денес без срам и никакво достоинство се кандидираат на избори и го бараат вашиот глас, притоа убедувајќи ве дека гласот даден за друите опции (освен двете) е изгубен глас.

Ние сме убедени дека е дојден денот кога граѓаните на оваа земја ќе ги казнат злосторниците и конечно ќе им покажат каде им е местото, а гласот даден за нашата Коалиција е глас запромени и правда!

Слободан Богоески