СЛАВЧО ПОПОСКИ: Интензивното топење на снегот ќе предизвика зголемување на нивото на езерата и речните водотеци во Македонија

0
1246

Во следните неколку деново и тоа поточно за време на овој викенд како и во понеделник територијата на Македонија ќе биде под влијание на изразено јужно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури на воздухот но и умерен, на некои места засилен ветер од југозападен правец.

Времето ќе биде променливо облачно и ТОПЛО за овој период од годината со локални послаби врнежи од дожд кој во западните предели локално и повремено ќе бидат со умерен интензитет.

Утре (сабота) максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 5 до 12 степени додека во недела и во понеделник истите ќе бидат уште повисоки и ќе се искачат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во понеделник (06.02.2017) во доцните попладневни и вечерни часови најпрвин во западните и во југозападните предели а во текот на ноќта кон вторник и во останатите предели ќе има врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а не се исклучува можноста и за локална појава на грмежи.

Во текот на ноќта понеделник кон вторник поради спуштање на постудена воздушна маса од север на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во вторник (07.02.2017) и понатаму ќе има повремени локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планиниде додека максималната температура на воздухот во вотрник ќе се искачи во интервалот од 4 до 12 степени.

Барем според моменталните анализи со кои располагаме во текот на ноќта вторник кон среда послаби локални врнежи од снег можни се и на некои пониски места но тоа не би било нишо особено и доколку истото се случи.

НАПОМЕНА: Релативно топлото време овие денови ќе предизвика интензивно топење на снежната покривка насекаде во Македонија па затоа поради тоа се очекува и зголемување на водите во речните корита и во езерата.

Мора да напоменеме и за тоа дека денеска во Гевгелија е измерена висока максимална температура на воздухот и тоа 14 степени.

Попоски додева дека постудено е само во тие котлини каде што има магла и ниска облачност но веќе и таму температурите полека се искачуваат во позитива (над нула степени).

Очекувајте нови а по потреба и обновени информации околу временската состојба во Македонија.

slavco

За многу повеќе информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ