Славчо Попоски излегува со најновата викенд временска прогноза

0
1378

Утре (петок) 10.02.2017 времето во Македонија ќе се задржи умерено, на некои места значително облачно со слаб до умерен а на повисоките места и на планините повремено засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Сепак локално ќе има и сончеви периоди.

Се очекува и локално проврнување на дожд или дожд и снег на некои од пониските места додека на повисоките места и на планините ќе има услови за апровејување на слаб снег. Температурите на воздухот нема премногу да се менуваат.

ECM1-72

За време на викендот територијата на Македонија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови релативно суво време, само на некои од планините има помали услови за сосема слабо провејување на снег. Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди но и со локално и повремено зголемување на облачноста.

По котлините ќе има услови за појава на слаба магла а ќе дува претежно слаб ветер од источен правец.

Минималните температури ќе се спуштат во интервал од -6 до 2 степени.
Максималните температури ќе се искачат во интервал од 2 до 10 степени.

Посетете го и следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ