СЛАВЧО ПОПОСКИ: Атлантикот конечно се активира што значи кај нас времето ќе затоплува и снегот ќе се топи

0
1257

Како што и веќе е најавено до крајот на оваа седмица територијата на Македонија но и поголемиот дел од Европскиот Континент ќе подпадне под влијание на топла воздушна маса од југ што значи јужно воздушно струење и релативно високи температури на воздухот кој ќе бидат над просекот.

Сево ова е поради тоа што во следните денови Атлантикот ќе биде нешто поактивен (под циклонска активност) па ова над нашите краишта ќе услови продор на топла воздушна маса од јужните географски широчини која ќе предизвика топење на снежната покривка насекаде во Македонија но и во поголемиот дел од Европа.

gfs-0-102-768x430

Сепак и покрај ова во следните неколку денови по котлините ќе има магла и ниска облачност а температурите од ден на ден ќе бидат се повисоки и максималните температури за време на викендот кој што доаѓа ќе се искачат во интервал од 7 до 13 степени со што истите ќе бидат и веќе над просекот. На местата со магла  и ниска облачност температурите ќе останат нешто пониски.

Во значителен пораст ќе бидат и минималните (утрински) температури кои до крајот на оваа седмица ќе се спуштат во интервал од -3 до 2 степени.

Мора да се напомене дека до четврток минималните (утрински) температури сеуште ќе бидат под нула степени на повеќе места и ќе се спуштат во интервал од -10 до 0 степени а на некои места не се исклучува можноста истите да се спуштат и нешто под -10 степени што значи дека поголем пораст на минималните температури ќе има од петок.

Утре (втоник) сеуште на некои места ќе има услови за провејување на сосема сллаб снег додека на некои од пониските межна можно е проврнување на слаб дожд и снег додека во среда слабо провејување на снег можно е на планините во западните предели.

Од петок (03.02.2017) се очекуваат локални послаби врнежи од дожд додека снег ќе има само на високите планини.

НАПОМЕНА: Поради затоплувањето во следните денови насекаде ќе има топење на снежната покривка.gfs_T850a_eu_15-845x684

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ЗА ВРЕМЕТО НА СЛАВЧО ПОПОСКИ!