СКУП ги открива имотите на политичките партии: ДПМНЕ има цела ИМПЕРИЈА од дуќани, дворови, ниви, згради, станови…

0
1243

Според документите до кои дојде СКУП, ВМРО-ДПМНЕ поседува имот во скоро сите општини на Македонија, СДСМ со имот е присутна во 12 општини, ДУИ поседува имот само во Чаир и Дебреште додека под знак прашалник е шумскиот имот на ДПА во тетовско Селц, пишува СКУП.

Дуќани, дворови, ниви, згради, станови…Ова е само дел од сопственоста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која се јавува како сопственик во 100 имотни листови, каде можат да се видат места кои се непознати за пошироката јавност. Најголемите имоти кои ги има партијата на екс-премиерот Никола Груевски, се наоѓаат во Сарај, Кисела Вода и Центар, каде ВМРО-ДПМНЕ поседува згради, станови и пасишта. За разлика од нив, СДСМ поседува далеку помал имот, а најголемиот имот кој го има се наоѓа на Бихаќка. ДУИ е на трето место по официјалната листа на стекнат имот, додека ДПА не фигурира дека има имот.

ВМРО-ДПМНЕ СО НАЈГОЛЕМ ИМОТ

Според документите до кои дојде СКУП, ВМРО-ДПМНЕ поседува имот во скоро сите општини на Македонија. Партијата има имот дури и во Мал Папрадник, место каде едвај има педесетина куќи.

Партијата на Никола Груевски најмногу имотни листа има во Општина Сарај – осум, во општина Центар има 7, додека 6 во Кисела Вода.  По два имотни листа има во општините Јегуновце, Брвеница, Карпош, Градовци, Илинден, Охрид, Гостивар и Могила додека во Делчево се појавува со три имотни листа.

Партијата фигурира со еден имотен лист во Берово, Пехчево, Новаци, Битола, Македонски Брод, Пласница, Виница, Богданци, Гевгелија, Нов Дојран, Стојаково, Каменица, Демир Хисар, Росоман, Кавадарци, Другово, Кичево, Зрновци, Кочани, Облешево, Оризари, Кратово, Крива Паланка, Ранковци, Крушево, Куманово, Мало Нагоричане, Демир Капија, Неготино, Кривогаштани, Ропотово, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Лозово, Бутел, Мирковци, Петровец, Сопиште, Ѓорче Петров, Гази Баба, Вевчани, Струга, Босилово, Василево, Куклиш, Ново Село, Струмица, Теарце, Тетово, Градско, Велес, Чашка, Таринци и Штип.

Но, убедливо највпечатлива е зградата каде е лоцирано партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, сместена во самиот центар на градот, околу која зграда имаше партиски препукувања во изминатиот период.

Во документите кои ги поседува СКУП-Македонија, а се добиени од Агенцијата за Катастар на Република Македонија, стои дека од целата зграда каде е сместено партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, партијата поседува вкупно 675 метри квадратни. Во самата зграда, за која партијата тврди дека не инвестирала ниту денар, ВМРО-ДПМНЕ поседува осум стана, но и балкони и помошни простории. Според партијата, зградата е градена со јавно-приватно партнерство.

Целиот текст ОВДЕ