Скопје, Тетово и Кавадарци енормно загадени

0
1028

Синоќа воздухот беше многу загаден во скопско Лисиче, Тетово и Кавадарци.

Тоа го покажаа податоците од мерните станици за квалитет на воздухот кои се објавени на веб-сајтот на Министерството за животна средина.

Штетните ПМ10 честички во овие општини беа неколку пати над дозволената граница, односно индексот на загадување беше многу висок. Малку помала концентрација но со голема загаденост се и Центар, Карпош, Гази Баба, Битола и Кичево.

Интересно е што и во Тетово со почетокот на грејната сезона почна загадувањето, иако активисти обвинуваат дека Југохром го прави загадувањето, а тој работеше и досега но не беше регистрирано енормно загадување во последните неколку месеци.