СКОПЈЕ РАДОСТ ТИ ЌЕ БИДЕШ : После повеќе децении, почна реконструкцијата на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари

0
1231

Оваа значајна сообраќајница ќе се обнови на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.

– По повеќе децении ќе се реконструираaт коловозот и дел од тротоарите на улицата Индира Ганди со цел да обезбедиме добра инфраструктура за граѓаните, особено во општината во којашто живеат најголем број социјално загрозени лица. Градежните работи овде ќе траат 30 дена, а за овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 16 милиони денари. Екипите на Град Скопје деновиве интензивно работат на обнова и на изградба на поголем број градски улици и булевари. Скопје заслужува многу подобра инфраструктура од онаа што ја затекнав кога дојдов за градоначалник и на тоа перманентно ќе работиме. Скопјани заслужуваат многу повисоки стандарди за живеење – рече градоначалникот Шилегов, на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Индира Ганди.