СКОПЈАНЕЦ НА ВЕЛОСИПЕД ЗАГИНАЛ НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО – СКОПЈЕ КОЈ СЕ ЗАБИЛ ВО ПАРКИРАНО КОМБЕ

0
439

Денеска во 13:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Добарски надвозник, велосипед управуван од Н. Р. (55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно возило „фолксваген кратер”, со скопски регистарски ознаки.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал велосипедистот, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош.
Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.