СКАНДАЛ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ОД 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ,,МАКСТИЛ” : Минчо Јорданов го нападнал Саше Политико и му го скршил мобилниот

0
3372

Новинарот Саше Ивановски – Политико вечерва бил нападнат од страна на бизнисменот Минчо Јорданов, при обид да му постави прашања по завршувањето на настанот за одбележување 20 години од постоењето на „Макстил“.

– Јас регуларно чекав да заврши настанот па му пристапив на Јорданов со намера да му поставам неколку прашања. Тој се согласи, но кога почнав да го прашувам за изградбата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ од страна на неговата „Бетон“ ми се нафрли да ме напаѓа, па други бизнисмени го држеа за да ме одбранат. Тој се обидуваше да ми го земе телефонот со којшто снимав, и на крај успеа, па го стави во џебот, а бодигардите ме исфрлија надвор од салата. Потоа ми го вратија телефонот, но тој е скршен – раскажа Ивановски за Либертас.

Ивановски вели дека Јорданов се налутил кога тој го прашал зошто на ВМРО-ДПМНЕ му ја подарил новата зграда, односно новото седиште на паријата, и дали стравува од истрагите на СЈО за тендерите за Скопје 2014, од каде неговата ДГ Бетон АД, Скопје наплатила над 216 милиони евра.

Ивановски вели дека веднаш ќе оди да го пријави настанот во полициската станица Беко, како и дека ќе проба да го извади видеото од инцидентот од меморијата на телефонот за да го објави.