СКАНДАЛ: Владата наплаќа 16 000 денари за полагање стручен испит за лиценциран царински застапник!?

0
2380

Министерството за финансии преку Царинската управа на РМ, го зголеми од 6000 денари на 16 000 денари полагањето за лиценциран застапник.

Ако до пред 2 години истото полагање чинеше некоја минимална сума, пред две години го покачија на 6000 денари, за да пред неколку месеци на сите корисници на оваа лиценца им биде наложено да ја обноват и со тоа имаат дополнителни трошоци.

1

Сега пак е донесен нов правилник каде за полагање на лиценциран застапник, мора да се посетува предходна обука во Царинската управа. Со тоа и цената за полагање и предходната обука достигнува до невероватни 16 000 денари, а за секое повторно полагање плус 6000 денари.

Но тука не се застанува, за да се приберат што повеќе средства во буџетот, правото на стекната линценца по основа на завршен факултет за Царина и шпедиција и на поранешни царински службеници а сегашни шпедитори, се укинува и на истите иако до сега работеле со лиценца, истата не им важи и се приморани и тие покрај другите да посетуваат предходна обука и да полагаат стручен испит.

2

“Ова е чиста пљачка, ова го нема никаде во светот. Човек што работел 30 години како цариник и врз тој основ стекнал лиценца сега не му важи и треба да полага на ново и да плаќа огромна сума. Исто и за оние кои завршиле Царина и Шпедиција факултет, зошто тие да полагаат, зошто тогаш студирале!?” – велат револтирани шпедитерски работници.

Ставрески и Груевски секојдневно измислуваат нови давачки со кои се празни џебот на граѓанинот а се полни празната државна каса.