СКАНДАЛОЗЕН И ПОТЦЕНУВАЧКИ СТАТУС НА НАУМ СТОИЛКОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЛУЃЕТО ШТО РАБОТАТ НА КАДА ВО МАРКЕТИ ГИ РАЗГОРЕ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

0
975

Скандалозен статус на портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски со кој се потценува работата на касиерите во маркетите, буквално ги разгоре социјалните мрежи.

-Наставник во основно 24.000
Наставник во средно 25.000
Минимална „на приватно“ 18.000
Ако не па наставници после школо да поработат на каса у драгстор?, напиша Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Ова буквално ги разгоре социјалните мрежи, а граѓаните му порачуваат да оди малку да поработи во маркет за 18.000 плата. Вработени во маркетите буквално се шокираа од ваквиот потценувачки однос кон нив од високиот функционер на ДПМНЕ, како тие да не заслужуваат ништо.

Други пак му порачаа дека токму ВМРО ДПМНЕ го кочи зголемувањето на платата на 4.700 вработени во образованието, затоа што го извршиле блокада со амандмани на законот со кој треба да бидат трансформирани нивните работни места од определено на неопределено време.

Инаку Владата на СДСМ во неколку наврати ги зголеми платите на наставниците кои беа минорни во 2017-та година и нивните плати со години беа замрзнати од режимот на Никола Груевски.

Ова не е прв функционер на ВМРО ДПМНЕ кој деновиве ги разбранува социјално-ранливите групи. Прехтодно Влатко Ѓорчев обвини дека во маркетите се продаваат краставици за 250 денари по килограм, при што повредени се најдоа земјоделците, додека пак Трајко Славески од истата партија пред да биде постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари, соопшти дека „ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, порача неодамна Славески од ВМРО ДПМНЕ, по што партијата мораше да каже дека тоа бил негов индивидуален став.