СДСМ : СИТЕ ЛАГИ НА МИЦКОСКИ ПОТОНАА, ПОЧНУВАМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ СО ЗАШТИТЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

0
468

Сите лаги, деструкции и крвави сценарија на Христијан Мицкоски потонаа, сите невистини се разобличени до крај.

Протоколот ги разобличи сите лаги на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, има реципроцитет за сите прашања.

Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик.

Веќе утре започнува дијалогот со ЕУ преку првата меѓувладина конференција која ќе се одржи во Брисел.

Сега, се отвораат нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните.

Залудно, Мицкоски шири манипулации за македонскиот јазикот, ги плаши граѓаните со асимилација и бугаризација.

Државата на чело со СДСМ покажа дека е возможно да се најде решение за сите отворени прашања, дека може да се продолжи интеграцијата во ЕУ а при тоа македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност да бидат заштитени и признаени од целиот свет.

Македонската иднина е обезбедена и таа е европска.